Колку имаат заработено најмоќните ТикТокери во 2021 година?

Колку имаат заработено најмоќните ТикТокери во 2021 година?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Деловниот магазин „Форбс“ неодамна ја објави листата на ТикТокери кои најмногу заработија во годината која сега е веќе зад нас. Кој сѐ се најде на таа листа и колку точно заработил, прочитајте во продолжение.

Американскиот деловен магазин „Форбс“ пред неколку дена ја објави својата официјална листа на ТикТокери кои најмногу заработиле во 2021 година. Исто така, на оваа листа е потврдено дека сестрите Чарли и Дикси Д'Амелио, со вкупно 180 милиони пријатели и најголемата глобална заработка, се најмоќните инфлуенсерки на оваа социјална мрежа.

На прво место, очекувано, се најде 17-годишната Чарли Д'Амелио со 133 милиони следбеници и заработка од 17,5 милиони долари во 2021 година, пишува „Elite Daily“. По неа, на второто место следува нејзината 20-годишна сестра Дикси (деветтата најследена ТикТокерка) со заработка од 10 милиони долари во 2021 година.

@dixiedamelio

Flash warning

Stalking You - A Boogie Wit da Hoodie

На третото место се најде Адисон Реј која во 2020 година ја доби титулата ТикТокерка која најмногу заработува, но минатата година заработи „само“ 8,5 милиони долари.

@addisonre

Pull up in the Sri Lanka

original sound - #

Четвртото место го зазедоа Бела Порч и Џош Ричардс со просечна заработка од околу 5 милиони долари, додека на петтото место се најде Крис Колинс со заработка од околу 4.75 милиони долари во 2021 година.

@kallmekris

Amanda meets Katrina

original sound - Kris HC

Кога ќе се соберат заработките од сите овие ТикТокери, доаѓаме до број од 55,5 милиони долари во 2021 година, што е за 200 проценти поголема заработка од онаа во 2020 година.

Иако некои од овие ТикТокери дел од своите пари ги имаат заработено на проекти што се надвор од ТикТокот, поголемиот дел од заработката сепак им доаѓа од оваа платформа и тоа е прилично импресивен податок. Имено, една просечна ТикТок ѕвезда на една спонзорирана објава може да заработи од 100 илјади па сѐ до 250 илјади долари - кога ги гледаме светските трендови. Некои од нив тој износ успеале да го подигнат и до половина милион долари.

фото: unsplash.com

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: