Комбо на денот: Александра Јанева во светло зелен костим идеален за повеќе прилики

Комбо на денот: Александра Јанева во светло зелен костим идеален за повеќе прилики

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачката има одличен моден избор за деновите од пролетта...

Паузата од настапите во живо, пејачката Александра Јанева се одлучи да ја помине на потоплиот дел од Европа, поточно во Италија. Имено, таа замина на патување со нејзиното момче, од каде постојано споделуваат фотографии од местата кои ги посетуваат.

На една од фотките кои ги сподели нејзиниот избрнаик, не можевме, а да не го искоментираме и во прв план да го ставиме нејзиниот избор. Имено, за една од прошетките, таа се одлучи за костим во светло зелена боја, составен од панталони и сако, а истиот го искомбинира со обична бела маичка и црно бели патики, кои дефинитивно се најдобар избор на обувки кога сте турист.

Ова издание на пејачката веруваме дека ќе го гледаме по улиците оваа пролет, без разлика дали за дневна варијанта со патики или пак за ноќна со високи потпетици.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: