Комбо на денот: Кортни Кардашијан во кошула-фустан совршен за секоја прилика
Кортни Кардашијан од сестрите Кардашијан - Џенер, можеби најмалку се истакнува со стилот, но и најмалку греши.
Не отстапува од сигурните комбинации, вечна класика и безвременски стајлинзи се нешто што таа го практикува. А не ретко знае да изненади со нешто поразлично, како со кошула-фустан во случајов.
Всушност тоа е и совршеното парче облека во кое ќе се чувствувате удобно и модерно во секоја прилика и лесно се комбинира.
Погледнете како таа го направила тоа: