Креативност на ниво: За кул фотки за Инстаграм не ти треба неограничен буџет
Можеш ли да веруваш дека сево ова го прави сама, во својот стан? Без ничија помош и без многу пари.
Доколку се уште немаш налетано на Инстаграм профилот на Кимберли Даглас, време е да дознаеш за оваа неверојатна девојка. Нејзините фотографии воодушевија многу луѓе. Сево ова не би било чудно, да не е фактот што сето ова таа го прави сама - од изработување на облеката па се до креирање на сетот за фотографирање.
Кога ги гледаме фотографиите на моделите и брендовите за кои снимаат различни кампањи изгледа како нешто што сами никогаш не би успеале добро да го рекреираме. Но, оваа девојка го докажа спротивното. Кимберли Даглас или на Инстаграм позната под корисничкото име @kihmberlie има само 23 години и не престанува да воодушевува со своите фотографии. Наместо да направиш уште едно селфи во низата, обиди се да направиш нешто вакво.
За секоја фотографија која таа ја споделува, има и видеа и фотографии од постапката како дошла до финалниот резултат. За да го направиш она што таа го прави не ти се потребни многу пари, бидејќи сето тоа можеш е евтино, а сигурно и голем дел од материјалите ги имаш дома.
Со ова хоби започнала, бидејќи има желба да стане модел и да потпише договор со модни агенции, а бидејќи немала пари за професионален фотограв кој ќе и направи добри фотографии за да го започне своето портфолио, одлучила работите да ги земе во своја рака. Освен тоа, со ова сакала да им покаже на другите дека за да направат добри и поинакви фотографии не е потребен голем буџет или некоја популарна дестинација/локација.
Некои од фотографиите кои можеш да ги пронајдеш на нејзиниот профил се инспирирани од фотките на познатите ѕвезди и модели кои ги видела во магазините, но добар дел од нив се и нејзини оригални идеи. За смислување на идеите и помагаат Pinterest и филмовите.