Кренете го стилот едно скалило погоре: 8 мали совети во облекувањето кои ќе направат ГОЛЕМА разлика

Кренете го стилот едно скалило погоре: 8 мали совети во облекувањето кои ќе направат ГОЛЕМА разлика

Објавена во: Мода // Moj стил

Некогаш е потребна само мала промена и целата комбинација ќе ви изгледа прекрасно...

Овие ситници не бараат од тебе да одиш во шопинг и да ја обновиш целата гардероба. Не мора да имаш облека од последната колекција за да имаш убави комбинации. И најобичните комбинации ќе изгледаат поубаво со овие 8 совети:

# Кога ќе купуваш долна облека гледај да го погодиш точниот број

Ова е многу важно и може да направи голема разлика. Важно е да носиш долга облека со точниот број, особено кога носиш тесна облека, која е припиена за телото. Тогаш секоја неправилност се гледа, а особено доколку долната облека ти е тесна. Телото ќе ти се излева и тоа ќе се гледа. Долната облека треба да се менува и купува често од вообичаено, особено доколку телото ти е променето од времето кога си била во шопинг последен пат. Земи поголем број и ќе видиш дека за момент ќе изгледаш подобро.

# Чизмите до глузд може да ги издолжат нозете со вистинските парчиња облека - но може и да ги скратат

Никој не сака нозете да му изгледаат пократко отколку што се. Чизмите никој не препорачува да ги носиш со кратки здолништа, бидејќи ќе ти ги скратат нозете, туку подобро е да ги носиш на фармерки, долги панталони или долги здолништа.

# Внимавај на должината на облеката

За да изгледаш поубаво, треба да внимаваш и на пропорциите. Замисли го своето тело поделено на три дена. Кога бираш што ќе облечеш, треба секогаш да внимаваш да не го подели на два еднакви дена, туку на 1/3 и на 2/3. Така на пример 1/3 може да биде маичка, а останатите 2/3 здолниште или панталони. Доколку облечеш туника и фармерки, тоа би изгледало како да го имаш поделено телото на половина, затоа се препорачува со туниките и долги маици да се носат хеланки или дебели хулахопки.

# „Oversized“ маичките стави ги во панталоните

Кога носиш маичка која е потполно или малку „oversized“, најдобро ќе изгледаш доколку предниот дел од маичката го ставиш во панталоните. Така ќе ја нагласиш половината и ќе изгледаш послабо, додека доколку ја оставиш маичката да виси, ќе изгледаш подебело и помалку женствено.

# Должината на раковите на јакната

За јакната да не изгледа како да виси на тебе, т.е. да изгледа како да ти е преголема, важно е внимаваш на ракавите. Кога ќе пробуваш јакна, ракавите мора да ти завршуваат кај коската на зглобот. Кога ракавите се подолги од тоа, јакната е преголема. Не изгледа убаво, а ниту уредно доколку ракавите ти висат.

# Не претерувај со модните додатоци околу лицето

Очила за сонце, големи обетки, ланче, марама на глава... хаос. Кога се во прашање модните додатоци кои ќе ги ставаш на главата и околу главата, треба да се држиш до правилата помалку е поубаво. Не би смеело да имаш повеќе од три додатоци, доколку сакаш да изгледа убаво. Од очила преку додатоци за коса, накит, мара околу вратот - одбери 3 работи, а останатите остави ги за следниот пат.

# Како да одбереш хулахопки?

Кога си во продавница пред полиците со хулахопките, постојат неколку работи кои ќе ти помогнат да го олесниш изборот при купување. Освен величината, која секогаш треба добро да ја погледнеш, бидејќи преголемите хулахопки изгледаат лошо, а премалите ќе ти се скинат за момент. Нијансата која ќе ја одбереш би требало да биде најслична на твојата боја на кожата. Тоа ќе изгледа најприродни и најубаво. Ова е правило кога ќе купуваш хулахопки во боја на кожата. Кога ќе купуваш црни, правилото по кое би требало да се водиш е: колку е дебела облеката која ја носиш, толку дебели треба да бидат и хулахопките. Па така, за летните комбинации бирај тенки, а за зимските дебели хулахопки. Освен што ќе изгледаш подобро, нема да смрзнеш или пак да се „свариш“ од топло.

# Биди внимателна со еднобојните комбинации

Кога си од глава до петици облечена во иста боја, за да изгледаш што е можно подобро, внимавај облеката да биде во различни нијанси. Без разлика дали си облечена во розево или сино, кога секое парче облека е во иста боја, а различни нијанси, тоа може да изгледа многу добро, но кога се исти бои и апсолутно исти нијанси - тоа не е добро.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: