Крстена во Христа, облечена во Христа: Ели Танасковска отпатува во Канада за крштевката на внуката Софи (ФОТО)

Крстена во Христа, облечена во Христа: Ели Танасковска отпатува во Канада за крштевката на внуката Софи (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Познатата македонска водителка Ели Танасковска со години е заштитно лице на Македонската радио телевизија. Со нејзиниот милозвучен глас ги омекнува срцата на гледачите, а преку својата работа со години наназад им помага во градење на кариерите на многу сега веќе познати имиња во светот на музиката.

За себе, вели дека е среќна жена, горда мајка на две ќерки - Леона и Симона, која со своето семејство живее во Канада. Од Симона, Ели доби две внуки - Изабела и Софи.

А, кога е најмалиот член на семејството во прашање, водителката, специјално за крштевката на својата најмлада внука замина во Канада. Од овој свет чин сподели неколку фотографии на својот профил на Фејсбук.

„Крстена во Христа, облечена во Христа. Среќна крштевка, мила Софи“ - стоеше во објавата на Ели.


Инаку, порано за Женски магазин откри дека е постојано во контакт со својата ќерка, која живее преку океанот, но и дека на внуката Изабела никогаш не може да ѝ каже не, па дури и кога ѝ ѕвони во 3 часот наутро.

„Јас сум ѝ достапна секогаш. Изабела некогаш ме бара и во 3 изутрина. Никогаш не ѝ велам , спијам! Станувам, палам светло и си играме игри која таа ги сака. Со Симона сум на вибер секој ден по неколку пати.“ 

фото: Принтскрин / Фејсбук


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: