Лајкови, пораки, коментари – кажува ли нешто „онлајн“ односот за чувствата?

Лајкови, пораки, коментари – кажува ли нешто „онлајн“ односот за чувствата?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Откако флертувањето се пресели во виртуелниот свет, сите се обидуваме да ги дешифрираме лајковите, срцињата на Инстаграм, коментарите, стикерите, сторињата, понудите за пријателство и останатите механизми за приоѓање на социјалните мрежи.

Се допишувате секоја вечер, но кога ќе се сретнете на училиште oдвај изустувате едно здраво - познато ти е ова нели? Однесувањето во реалниот и виртуелниот свет многу се разликува и тоа дополнително може да те збуни.

За полесно ги разбереш знаците што симпатијата ти ги праќа онлајн еве еден мал водич што би ти помогнал:

Имаше лајк на сите фотки, веќе нема

Ова е една од најстарите игри која знае многу да иритира. Играњето топло- ладно со чувствата знае да биде збунувачко особено кога од една страна добиваш многу внимание, а потоа веднаш го снемува. Единствено нешто што можеш да направиш во оваа ситуација е да не размислуваш премногу. Не се обидувај да си одговараш на прашања од типот: Зошто веќе не ми става лајкови? или Зошто не ги гледа сторињата?, тие може само да те вознемират, а одговор секако нема да добиеш. Вдиши длабоко и дај си време. Ако на некоја личност ѝ се допаѓаш ќе те побара повторно, ако не тогаш не е вредна за размислување.

Ме избриша од пријатели!

Ако забележиш дека веќе не сте пријатели на Фејсбук или повеќе не те следи на Инстаграм, провери дали истото го има направено со повеќето пријатели. Можеби едноставно ја смалува листата на луѓе со кои контактира. Ако тоа не е така, постести се на вашиот последен разговор или допишување – можеби тоа е причината. Провери да не имаш напишано нешто што повредува. Ако одговорот е не, секогаш останува опцијата да прашаш. Зрела и нормална личност ќе ти одговори зошто го направила тоа, ако те игнорира тогаш време е да престанеш да се заморуваш.

Посојано коментира на стауси и става срциња на сите фотки

Ако постои показател дека на некоја личност ѝ се допаѓаш тогаш, лајковите и коментарите се дефинитивно доказ за таа симпатија. Другарките и другарите сигурно ќе ти коментираат на фотките, но личноста на која ѝ се допаѓаш тоа го прави поретко - зачестува само кога сака да ти даде до знаење дека навистина има симпатии кон тебе. Единствено што треба да провериш е дали тоа го прави со повеќе личности истовремено, бидејќи во ниту еден случај не треба да станеш дел од нечија онлјан игра.

Ми направи само „seen“ на пораката

Приказната наречена „seen“ на сите им е многу добро позната. Ќе ја види пораката и не одговара, ова многу нервира нели? Причините може да бидат различни, од доцнењето на училиште до празна батерија затоа нема потреба веднаш да се паничи. Во зависност од тоа колку долго не одговара на пораките ќе дознаеш дали некому му се допаѓаш или не. Ти своето го напиша - сега топката е на другата страна дали ќе ја врати или не е прашање на време.

@GettyImages

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: