Лавот е кралот на љубомората, но ни Девиците не се нешто подобро!
Знаеш ли кој е твојот прекинувач за љубомора?
Тоа, мало чудовиште кое најчесто се означува со жолта боја – љубомора. Иако малку се оние кои сакаат да признаат дека се љубоморни, љубомората ја има во сите нас, само што некои ја покажуваат повеќе од другите. Но, сите може да се сложиме дека тоа е негативна емоција и истата не може да донесе ништо добро. Никој не сака да биде окарактеризиран како љубоморна личност и секој се надева дека нема да го најде својот помеѓу најљубоморните знаци. Но, како што кажавме, непосакуваната љубомора е во сите нас, само причините за неа се различни. YourTango пишува што ве прави љубоморни според хороскопскиот знак.
ОВЕН – тој станува љубоморен поради изгледот. Овните се трудат во секој момент да изгледаат добро и доколку некој изгледа подобро од нив, тие пукаат од љубомора. Доволен им е и самиот факт дека имаат потенцијална конкуренција.
БИК – сакаат да бидат шефови, а најтешко им е кога не се во центарот на вниманието. Многу се љуборни на вниманието кое им е одземено и се ќе направат за да дојдат во „прв план“.
БЛИЗНАЦИ – лесно стануваат љубоморни, но тоа не го покажуваат додека не стане прекасно. Близнаците имаат висока самодоверба и не поднесуваат кога некој друг си ги препишува нивните заслуги.
РАК – тие се луди за материјалните работи и во крвта им е дека мора да купуваат се што им треба, а и што не им треба. Доколку видат некој да има поубави и поскапи работи од нив, во себе ќе „горат“ од љубомора“.
ЛАВ – тој е најљубоморниот хороскопски знак од сите. Особено што се однесува до врските. Лавовите ќе бидат љубоморни и ќе го покажат тоа, доколку целото внимание не е кон нив или доколку нивниот партнер/ка погледне во друг/а.
ДЕВИЦА – љубоморни се на се и секој, љубомората често „јаде“ и на крајот самата себе си станува непријател. Доколку имаш нешто подобро од неа, Девицата ќе пати и нема да ти посакува баш убави работи.
ВАГА – уште еден „љубоморен на секој“ хороскопски знак. Вагата е најчувствителна на хумор. Доколку се најде во друштво на некој подуховит, Вагата ќе направи се за да посрамоти пред сите.
СКОРПИЈА – љубоморен е на сите работни успеси. Сакаат да бидат доминантни во тоа подрачје и на се гледаат како конкуренција. Но, Скорпиите својата љубомора ќе ја претворат во продуктивност така што ќе направат се за да бидат поуспешни.
СТРЕЛЕЦ – не е дека Стрелците не се љубоморни, само на нив им треба многу време за да сфатат. Еднаш кога ќе сфатат дека се љубоморни на некој, тие едноставно ќе се трргнат од таа личност бидејќи никогаш нема да добијат објаснување што испаднало толку лошо.
ЈАРЕЦ – тие се ретко љубоморни и треба да постои навистина добра причина за тоа да се случи. Можеби кога ќе видат дека некој им го одзема најдобриот пријател или симпатија, а до тогаш се мирни.
ВОДОЛИЈА – тие обожаваат кога другите се љубоморни на нив. Затоа сакаат да се фалат и да покажуваат повеќе од што е потребно.
РИБИ – тие се втори по ред според љубомората, безразлика дали станува збор за другарство, љубов, успех... Љубоморни се апсолутно на се. Со причина или без. Често знаат да видат и нешто што не постои. Љубоморни се до таа мера што самите себе си го загрозуваат здравјето.