Лејди Гага беше должна над 2 милиони долари: Пејачката ја сподели шокантната приказна со јавноста

Лејди Гага беше должна над 2 милиони долари: Пејачката ја сподели шокантната приказна со јавноста

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Поп ѕвездата Лејди Гага неодамна се присети на турнејата „The Monster Ball“ поради која банкротираше. Таа откри дека не ни знаела дека нема пари на сметката.

Таа одржа турнеја во 2010 година, кога беше надалеку позната како светска ѕвезда, а сето тоа благодарение на хитовите кои беа меѓу најслушаните во тој период.

На врвот на нејзината популарноста, тимот на Лејди Гага и соопштил дека нема повеќе пари, но таа оваа ситуација да ја надмине со распродажба на карти за концерти кои полнеа стадиони и сали ширум светот.

Музичката ѕвезда истакна дека не била свесна што се случува.

- Јас всушност банкротирав откако за прв пат ја продолживме турнејата The Monster Ball. И беше смешно бидејќи не знаев – признала таа за „Фајненшл тајмс“.

Таа ги дозна лошите вести од нејзиниот тим:

- Се сеќавам дека им се јавив на сите и им реков: 'Зошто сите велат дека немам пари? Ова е смешно, имам пет синглови број 1.“ И ми рекоа „Па, должиш 2,6 милиони евра“.

Магазинот „Форбс“ ја вброи Лејди Гага меѓу 100-те најбогати  жени, а нејзиното богатство се проценува на околу 136 милиони евра, пишуваат странските медиуми.

Да потсетиме, пејачката неодамна ја прекина двегодишната врска. Извори за светските медиуми објавија дека причина за пропаѓањето на долгата врска била нејзината желба за брак и семејство, додека нејзиното поранешно момче Мајкл Полански ги немал истите амбиции.



Фото:Ladygagainstagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: