Лејди Гага на факултет трпела туртура: „Никогаш нема да бидеш позната“!
Сепак, малку се прелажале!
Овогодинешната добитничка на Оскар за оригинална песна, Лејди Гага, раскажа интересни случки од приватниот живот за се што и се случило пред да ја започне својата кариера. Како што пишува BoredPanda, вистинското име на пејачката е Stefani Germanotta и отсекогаш сонувала за пејачка и актерска кариера, но токму поради тоа многумина ја исмејувале и велеле дека никогаш нема да успее. На прва година факултет нејзините „хејтери“ основале група на Фејсбук „Stefani Gremanotta никогаш нема да станеш позната“. Но, многу се имаат прелажено во врска со ова.
Освен овие туртури на факултет, во неа не верувале ни после тоа. Имено, нејзиното поранешно момче и има кажано дека никогаш нема да биде номинирана за Grammy, дека никогаш нема да издаде песна која ќе биде хит и да се надева само на пропаст. Гага на тоа му рекла, дека еден ден, кога нема да бидат заедно, тој нема да може порача ниту една шоља кафе, а да не слушне за неа.
Со својата кариера, слава и награди покажала како со работа и упорност можеш да успееш. Сега најверојатно им е многу жал што некогаш имале можност да бидат до ваков уметник, а не ја ценеле.