Лекарите предупредуваат: Овој „бјути“ трик е опасен по здравјето!
Темните кругови околу очите по непроспиената ноќ умеат да те изервираат толку многу за веднаш да почнеш да пребаруваш на интернет во потрага за некој совет како за брзо време да се спасиш од нив. Доколку во брзање наиде на „бјути“ трикот на блогерката Фарах Дукаи, те советуваме да го заборавиш. Причината е многу сериозна.
Споменатата блогерка во своето видео на Инстаграм советува да направиш смеса од неутрална павлака и зачинот куркума и тоа да го намачкаш под очите и по некое време да го измиеш. Барем еднаш во животот си пробала куркума, јасно ти е дека таа со нејзината арома не е добра за кожата околу очите. Тоа е научно го образложи др. Марк Жакот за порталот Girlfriend, кој изјави дека овој дел на лицето е особено осетлив и склон кон многу алергиски иритации кои може да остават трајни последици.
ОВДЕ може да го погледнеш видеото и те советуваме да пронајдеш друго решение за подочњаците. Заборави го ова видео, доколку не сакаш да имаш несакани последици.