Лесно ќе ги вклопиш во својот стил: 3 модни додатоци кои ќе бидат главни во 2020

Лесно ќе ги вклопиш во својот стил: 3 модни додатоци кои ќе бидат главни во 2020

Објавена во: Мода // Moj стил

Ова најмногу ќе се гледа на улиците.

Доколку сакаш да бидеш во тренд и да знаеш што се подготвува за сезоната што следува, сега си на вистинското место. Овие модни додатоци ќе доминираат оваа година, а истите многу лесно ќе можеш да ги вклопиш во својот секојдневен изглед.

Уредничката на највлијателниот моден магазин Vogue, Ана Винтур има подготвен одговор на прашањето кои модни додатоци ќе доминираат оваа година. Сите три се женствени, но истовремено и совршени за секојдневно комбиницирање, а тоа се:

# Плетени чанти

Плетените торби се одлични за во лето, а оваа година ќе ги носиме во сите годишни времиња и во сите причики. Овој моден додаток ќе може супер да се вклопи во сечиј стил, особено кога ќе започнат да се продаваат во сите можни бои и облици.

# Чанта во овој облик

Изгледа симпатично, но и елегантно - зависи со каква комбинација ќе се одлучиш да ја носиш.

# Бисери

Бисерите во модата ќе ја донесат женственоста, а ќе се носат на сите можни начини. Од класика како што се ланчиња и нараквици, кои се украсени со бисери, па се до деталите на облека или додатоците за коса.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: