Лина со „Бомбона“ ќе го освојува Балканот: Една од најпознатите српски пејачки јавно ја пофали (ВИДЕО)

Лина со „Бомбона“ ќе го освојува Балканот: Една од најпознатите српски пејачки јавно ја пофали (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Младата и талентирана македонска музичка ѕвезда го освојува Балканот...

Лина Пејовска, вчеравечер ја објави својата нова песна, „Бомбона“, која ја сними за српскиот пазар. Зад овој летен хит се потпишуваат познатиот македонски композитор Дарко Димитров и српската пејачка Сања Вучиќ.

Песната заедно со видео записот кој е снимен на неколку локации во Белград е објавен на Јутјуб страницата на IDJVideos и веќе има скоро 50.000 прегледи.


Позитивните коментари се потврда за одлично завршената работа, а она што вреди да се спомене е дека Лина доби пофалба и од познатата српска пејачка Едита Арадиновиќ.

„Браво“ - ѝ напиша Едита на Лина, додавајќи емотикони од срце и оган.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: