Мајката на Кика Ѓукиќ е бесна на Бака Прасе: Поради едно прашање сакала да го пријави во полиција

Мајката на Кика Ѓукиќ е бесна на Бака Прасе: Поради едно прашање сакала да го пријави во полиција

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Наташа истакнува дека поради јутјуберот нејзината ќерка поминала низ пекол, но и понатаму е сигурна дека не извршила самоубиство...

Гејмерката Кристина Кика Ѓукиќ почина на 8 декември минатата година, а истрагата за овој случај уште трае. Нејзината мајка Наташа за првпат се огласи за медиумите, и изнесе детали за тоа што се случило таа кобна вечер.

Таа сега се осврна и на тоа каква била КИка, но и каков однос имала со Бака Прасе, кој многумина го осудија по нејзината смрт, а дури беше и на сослушување во полиција.

„Секогаш се издвојуваше од останатите деца, таа на две години почна да игра видеоигри, прво „Фарма“, потоа „Зума“. Подоцна беа другите видеоигри кои бараа многу посилен компјутер. Го купивме и тоа, а потоа во него додавме компоненти. На 15 години почна да снима, една година подоцна веќе беше позната. Таа е единствена девојка од Балканот која беше во Копенхаген на натпреварувањето „CS GO видеоигри““ - објаснува нејзината мајка и додава дека Кика знаела да „стримува“ и по 40 часа.

„На тоа секогаш гледаше како развеселување на луѓето. Кој и да изгледал едно видео од неа ќе го сфател тоа. Не сакаше таа и оние кои се занимаваат со оваа работа да прават драми, туку да ги расположуваат луѓето. Се трудеше тоа што го прави да биде искрено. Не сакаше децата да добиваат лоши мисли. На некои видеа и мене ме молеше да пејам. Проблемите почнаа во 2019 година кога го објави видеото „Фуј“. Пријателите ја молеа да направи нешто поради конфликтот со јутјуберот кој продолжи со снимањето на „Клик бејт“. Две недели се премислуваше, бидејќи не сакаше да се меша и кога го направи тоа настана пекол. Веднаш почнаа проблемите. Така почнаа нападите од Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе и неговите обожаватели“ - вели Наташа и додава дека тој хорор трае една и пол година.

Како што понатаму истакнува Наташа, Бака и Кика истата година биле повикани да учествуваат во една емисија, каде јутјуберот имал страшен коментар.

„Прво во бекстејџот Богдан, наместо да ѝ каже здраво, ѝ кажал: „Што, ти си уште жива, уште не се уби?!“. А, по завршувањето на емисијата, му пријде една од вработените и му кажа: „Беше супер, „ја реши“.“ На тоа тој ѝ кажа да му испрати видео. Сакав и порано да го пријам, но кога го слушнав и тоа, бев решена да го направам тоа. Испадна дека Кика беше тука наместена за тој да се изживува. Меѓутоа, Кристина тоа не му го дозволи. Ми кажа „Немој мамо, тоа се сепак деца, таа не сфаќа дека тој е манипулатор и дека тоа го прави поради пари. Еден ден ќе сфати колку манипулирал со нив“. По системот: „Прости им Боже не знаат што прават“, тоа беа зборовите на моето дете“.

Како што наведува, таа трпела секакви навреди од неговите следбеници, поради кои Кика не можела да излезе од станот, без некој да не ѝ каже нешто лошо. Но, сепак Наташа е убедена дека нејзината ќерка не извршила самоубиство, но истрагата е уште во тек.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: