Малата Зоне е мажена за 23 години постар колега: Денес е вистинска убавица, има син, а детето има чудно име
Јана Милосављевиќ се здоби со популарност како дете во филмот „Зона Замфиорва“ каде ја играше малата Зоне, рамо до рамо со Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Радмила Живковиќ и многу други.
Јана е ќерка на фронтменот на бендот „Галија“ Ненад Милослављевиќ, кој меѓу другото работеше и на музика за овој филм, а младата актерка кариерата ја продолжи во сериите „Воена академија“, „Жигосани у рекету“ и „Државен службеник“.
Пред неколку години, актерката започна романса со 23 години постариот колега - актерот, режисер и сценарист Филип Гајиќ, а парот во 2017-та година го доби синот Јоаким. Ова е прво дете за младата актерка, додека Филип има уште тројца наследници од претходните два брака.
Пред Јана беше во брак со актерката Луција Шербеџија, ќерка на Радет Шербеџија. Лусија и Филип се венчаа во 2006-та година во Истра, во 2007-ма година го добија синот Сергеј, а три години подоцна ќерката Анастасија.
На прашањето дали Филип и таа имале проблем да се одлучат за името на нивниот син, Јана претходно изјави:
„Бевме на тешки маки, не можевме да се договориме, еден месец по раѓањето детето немаше име, секој го викаше како сака, немаше ниту кога отидовме да го регистрираме. Пред портите на општина Звездара се одлучивме за она кое го избраа децата на Филип. Иако уште сите го викаат како што сакаат“, изјави актерката за „Глорија“.
Извор: www.blic.rs