Мали, слатки и незабележливи: Тетоважи на познатите за кои не сте ни знаеле дека ги имаат (ФОТО)
Можеби и на вас би можеле да ви послужат како инспирација...
Бидејќи многу пати познатите ѕвезди нѐ инспирираат за модни комбинации, фризури и шминка, овој пат одлучивме малку повеќе внимание да посветиме на нивните тетоважи.
Можеби тие тетоважи досега не сте ни забележале на нив, бидејќи се мали, слатки и скоро незабележливи.
Ако сте помеѓу оние кои размислуваат за својата прва тетоважа, а би сакале нешто такво - слатко и мало, можеби би можеле да се инспирирате од овие ѕвезди.
# Бела Хадид
На својата рака, Бела има текст на арапски што значи „те сакам“. Има смисла, со оглед на тоа што има потекло од Палестина.
Покрај тоа, Бела како ангел на Викторија Сикрет на глуждот има истетовирано ангелско крило.
# Кендал Џенер
Минатата година тату артистот на Кендал објави фотографија од „најмалата каубојска чизма“ на нејзината нога.
# Чарли Д'Амелио
Заедно со пријателките Оливија Родриго, Ајрис Апатоу и Авани Грег си направија исти тетоважи на прстите, кои секогаш ќе ги потсетуваат на нивното пријателство.
@charlidamelio @avani @irisapatow @livbedumb @mezafram Just a Cloud Away - Pharrell Williams
# Хејли Бибер
На прстот на кој би требало да носи бурма, Хејло ја има истетовирано буквата „Ј“ (како Џастин), заедно со ѕвезда која блеска, што е вечен потсетник за нејзината љубов кон нејзиниот сопруг.
# Ванеса Хаџенс
Актерката има истетовирано цвет од сончоглед под пазувите.
# Селена Гомез
Актерката на вратот го има истетовирано зборот „rare“. Иако со тоа го прослави објавувањето на својот албум, ова воедно е и одличен начин да се потсети дека е толку посебна и уникатна, исто како и секој од нас поединечно.
# Каја Гербер
Младата манекенка има истетовирано мало срце на раката и цвет од внатрешната страна на левата рака.
# Хилари Даф
Актерката пред скоро 4 години направи тетоважа. Таа на раката истетовира сонце.
фото: Принтскрин / Инстаграм