Малиот господин од фотката денес го знаат сите, но јас го знам од мојот прв ден: Сестрата на Лозано со емотивна роденденска порака
Поп пејачот Влатко Лозаноски - Лозано денес слави роденден. Неговото Инста стори е преполно со честитки кои му ги испраќаат неговите обожаватели, но и пријатели и родинини.
Помеѓу сите овие честитки се најде и онаа од неговата сестра, Марија. Таа му честиташе со фотка од детството и емотивна порака.
„ На фотографијава има среќни луѓе, среќно семејство. Еден обичен пикник покрај река на почетокот од деведесетите.
Има на неа обични брат и сестра кои растеле заедно скоро цел живот со сите игри, досетки, задевања, лутења и прекумерни поддршки.
Сликава нè отсликува токму нам: јас секогаш сакајќи да се истакнам како една родена дама и шоумен, а брат ми со скромноста да смисли како да си ја извади умешноста и уметноста.
Девојките зад нас се мајка ни и тетка ни кои денес се мудри жени и се столб на семејството.
Малиот господин е денес успешен музичар и пејач кој го знаат сите, но јас го знам од мојот прв ден.
И да - денес му е роденден!
Му ги пропуштив само првите два (имав работа, па подоцна дојдов на овој свет), но верувам дека ќе му бидам сведок на барем уште 100.
Најсреќен да си, уште многу лета да славиш и памтиш.“ - напиша сестрата Марија.