Марамите се задолжителен моден додаток ова лето: 5 преслатки начини на кои можете да ги стилизирате
Марамите се задолжително парче оваа сезона, а можностите за нивно носење се бесконечни
Пробајте ги овие стилови и пронајдете го оној кој најмногу ви одговара. Со марама секогаш ќе изгледате модерно и стилски, без разлика на пригодата.
1. Марама како венче
Ако сакате едноставен и шик изглед, обидете се да носите марама како венче. Преклопете ја марамата во тесна лента и едноставно ставете ја преку косата, како што правите со венчето. Овој стил е совршен за оние денови кога сакате брзо да ја направите вашата коса, а сепак да изгледате средено. Добро оди со пуштена коса, но и со светли бранови.
2. Класично врзување на марама
Класичното врзување на марамата ви дава елегантен и софистициран изглед. Марамата превиткајте ја во триаголник, ставете ја на главата така што горниот дел од триаголникот ќе падне преку челото, а краевите врзете ги на задниот дел од главата. Овој стил потсетува на винтиџ холивудските диви и е совршен за сите прилики, од кежуал до свечени.
@ro.avr Replying to @liunaxoxo super simple :) #fyp #ootd
3. Врзување ако сакате да имате пунџа или плетенки
Ако сакате пунџи или плетенки, марамата може да биде одличен додаток. Откако ќе направите пунџи или плетенки, земете марама и врзете ја на задниот дел од главата под пунџата. Ова ќе ѝ даде на вашата фризура посебен, бохо изглед и ќе ја истакне уште повеќе. Исто така, можете да ги комбинирате боите на марамата со вашиот аутфит за уште подобар ефект.
4. Обратно врзување со јазол на челото
За храбар и моден изглед, обидете се да ја врзете марамата обратно со јазол на челото. Свиткајте ја марамата во триаголник, ставете ја на задниот дел од главата, а краевите ставете ги на челото и врзете ја во јазол. Овој стил е совршен за фестивали, концерти или опуштени летни денови кога сакате да бидете во центарот на вниманието.
@anisasojka Reply to @jas_zh an easy scarf bun hairstyle #buntutorial #scarfhairstyles
5. Врзување околу коњското опавче или околу пунџата
Ако сакате да носите коњско опавче или пунџа, марамата може да биде одличен додаток. Марамата врзете ја околу ластикот со кој го врзавте кољското опавче или околу основата на пунџата. Овој детал веднаш ќе ја подигне вашата фризура на повисоко ниво и ќе ѝ даде женствен и софистициран изглед. Посебно е ефикасно ако користите марама со интересен дезен или во светли бои.
Извор:teen385