Мартија влезе во светот на возрасните: „Не се опуштај многу, бурно ќе те следам“ - ѝ порача мајка ѝ
Ја запознавме уште како многу мала - од емисијата „Ивце Пивце“, преку „Ѕвездичките на Пинк“, до настапот на Јуниорската Евровизија. Мартија Станојковиќ буквално порасна пред камерите. Со својот талент и харизма го обезбеди своето место на естрадното небо и сега работи на својата кариера.
Од мало срамежливо девојче порасна во вистинска убавица, девојка која ги поставува трендовите и која е инспирација за многу тинеџерки, а од денес и полнолетна дама. Мартија официјално влезе во светот на возрасните и сега е подготвена сама да ги донесува важните одлуки како за нејзиниот приватен, така и за професионалниот живот.
По тој повод, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи нејзината мајка, Снежана, која со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата најмала наследничка.
„Со многу љубов си создадена, со многу љубов и внимание си растена и воспитувана! Да, сега си веќе голема, полнолетна си, оставарувај ги своите права и понатаму со многу внимание и одговорност, зошто животот е твој и еден единствен. Остани позитивна и човечна, остани упорна и храбра и чекори кон твоите соништа.
Среќен роденден Мартија, среќно полнолетство! И не се опуштај многу, ќе те следам и понатаму. Те сакам“ - напиша мајка ѝ на Мартија на својот Фејсбук профил, а во прилог ја сподели песната „Те сакам“, која младата пејачка ѝ ја посвети токму на неа.
фото: Притнскрин / Инстаграм