Мартинијан во секоја прилика топ: Стилски шармер

Мартинијан во секоја прилика топ: Стилски шармер

Објавена во: Мода // Moj стил

Неговата одлучност во стилот го прави бестрашно стилски современо момче кое добро научило што се носи на сцена, но и надвор од неа. И сето тоа на најдобар можен начин. 

Мартинијан Кириловски демонстрираше вистински италијански минимализам кога победи на „Макфест“ со песната „100 пати на ден“. 

Но нему големите сцени не му се непознати, каго големата сцена на „Гранд“ во Србија. И што е уште подобро- тој сам знае да ја исполни сцената и со глас и со став и со стил. Ретко да киксне. 

Претпочита да носи костуми кои се по најнови светски текови и кои ја следат линијата на телото без да бидат премногу тесни.

Дезенирани, со дворедно закопчување или едноставно елегантни, со насмевка ги носи одлично. 

И изборот на чевли му е соодветен. Секогаш се тоа ултра модерни, кадифени или кожени. И на Сан Ремо да запаее ќе се одвои од сите.

Елеганцијата е како создадена за него и во таа насока треба да продолжи. Не е грешка и ако го „размрда“ понекогаш стилот на сцена со фармерки, мала доза на агресивност и бунтовност во облекувањето. Тој веќе не може да се „одлепи“ од неговата препознатливост, па секако облечен ќе биде токму тој.

И во спортско- елегантни варијанти е посебен. Се гледа дека е крајно внимателен и не прибегнува кон логоа на брендови кои се гледаат од еден километар. 

Едноставно, знае како! Пред него има блескава музичка кариера за која се потребни и добри песни. Добриот стил веќе го има!


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: