Маска од нане против акни и воспаленo лице!
Акните не се проблем кој ги засега само тинејџерите. Скоро 80% од луѓето се имаат соочено со акните во одреден момент од нивниот живот. Иако многумина ја имале среќата лесно да се справат и да си ја повратат убавината на кожата, милиони тинејџери низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да се гордеат со својата кожа.
Ние имаме предлог кој може да ти помогне - маска за лице од нане!
Потребно е: китка нане, 100 мл. загреано млеко, една кафена лажичка мед, една жолчка и една лажица јачменово брашно.
Нането се полева со затопленото млеко, се поклопува садот и се чека смесата да се олади. Во изладената смеса се додава лажичка мед, брашното од јачмен и жолчка, се заедно се меша и се нанесува на вратот и лицето и се остава половина час да делува, а потоа се мие со млака па со ладна вода.