Мажите се на врвот: Кои се најслушаните изведувачи во 2020 година?
Spotify ја објави листата на музичари кои се најслушани за оваа година...
Музичкиот стриминг сервис Spotify ја објави годишната листа на најслушани изведувачи, албуми, песни и подкасти, а резултатите воопшто не нѐ изненадуваат.
Да започнеме од фактот дека поголемиот број од нас седеа дома: порастот на слушањето на плејлистата со назив „work from home“ беше 140%, додека порастот на листите кои се занимаваат со ментално здравје порасна за 180%.
Кога зборуваме за изведувачите, работите стојат вака: првите 5 места, ги заземаат мажите, а на прво место е Bad Bunny, со повеќе од 8,3 милијарди слушања. Били Ајлиш втора година по ред е најслушан женски изведувач.
Наслушана песна за оваа година е „Blinding Lights“, која ја изведува The Weeknd“, а истата е преслушана повеќе од 1,6 милијарди пати во целиот свет.
На листата најслушани албуми, покрај оние на Bad Bunny и The Weeknd, се најдоа и Пост Малоун, Хари Стајлс и Дуа Липа.
Во продолжение и целата листа на најслушани:
# Најслушани изведувачи на светот:
1. Bad Bunny
2. Drake
3. J Balvin
4. Juice WRLD
5. The Weeknd
# Најслушани женски изведувачи на светот:
1. Billie Eilish
2. Taylor Swift
3. Ariana Grande
4. Dua Lipa
5. Halsey
# Најслушани албуми на светот:
1. YHLQMDLG, Bad Bunny
2. After Hours, The Weeknd
3. Hollywood’s Bleeding, Post Malone
4. Fine Line, Harry Styles
5. Future Nostalgia, Dua Lipa
# Најслушани песни на светот
1. “Blinding Lights,” The Weeknd
2. “Dance Monkey,” Tones and I
3. “The Box,” Roddy Ricch
4. “Roses – Imanbek Remix,” Imanbek and SAINt JHN
5. “Don’t Start Now,” Dua Lipa
Што слушавте вие оваа година?