Меган Маркл ќе го уништи кралското семејство: Ова се прогнозите на човекот кој го предвиде Ковид - 19

Меган Маркл ќе го уништи кралското семејство: Ова се прогнозите на човекот кој го предвиде Ковид - 19

Објавена во: Живот // Живот

Николас Аујула од Лондон уште во 2018 година зборуваше за катастрофа наречена „грип“ која ќе доминира ширум светот - визијата за која сега се верува дека ја најавила пандемијата Ковид - 19, чиј ефект е спореден со шпанскиот грип.

Исто така предвиде дека Трамп ќе ги изгуби американските избори, како и глобалните протести - кои се случија во 2020 година.

Сега тој објави дека „видел“ големи турбуленции во кралското семејството во неговите визии.

„Добивам визии за Меган Маркл која некаде се појавува на екранот, дава некој вид на интервју, каде што изнесува тајни за кралското семејство. Исто така гледам уште едно бебе, неа и Хари“ - најави Николас.

Тој, исто така, најави и потенцијален срцев удар за дури три познати личност од листата - А.

„Постојано ми доаѓаат зборовите „Том Круз I heart“. Можеби тоа значи дека ќе има проблеми со срцето или можеби метафорично, дека ќе помине низ емотивна болка или нешто слично.“

„Гледам и романтични проблеми за Натали Портман и Ким Кардашијан. Кој знае, можеби Ким и Канје повторно ќе се разведуваат“ - коментира Николас.

Тој „ѕирна“ и во блиската иднина:

„Една работа за која многу луѓе ме прашаа оваа година е коронавирусот. Имам визии дека тоа ќе се реши по нова година и дека стапката на заразени ќе биде сведена до точка кога ќе биде под контрола, најдоцна до пролет“ - тврди Николас.

„Но, предвидувам дека паниката и ограничувањата околу вирусост ќе продолжат сѐ до 2022 година“ - додаде тој.

Во неговата прогноза исто така се и продолжувањето на протестите ширум светот во наредните две до три години и вклучувањето на визии за граѓански немири.

Исто така предвидува масовно движење на луѓето, како имиграција во еден правец.

„Гледам дека луѓето насекаде се селат за подобар живот, особено како масовно иселување. Не зборувам за неколку стотини, мислам на илјадници“ - рече.

Кога е наредната година во прашање, овој човек имал и некои загрижувачки визии.

„Имав неколку причично ужасни визии - една од нив е атентатот на еден светски лидер. Искрено се надевам дека тоа нема да се оствари“ - рече.

„Исто така имав визија за светскиот самит кој го прогонува сексуален скандал и подем на крајно десничарската политика, особено во јужна Европа, Блискиот Исток и Африка и ерупција на вулкан кој ќе доведе до големи временски промени.“

„Ги слушнав зборовите „свински грип“ кои ми доаѓаа и видов слики од масовна паника. Не ми слам дека тоа ќе биде уште еден вирус, но можам да замислам дека реакцијата ќе биде алармантна, со оглед на то ашто се случило оваа година.“

Николас, кој верува дека бил египетската кралица и лав во минатите животи, првпат станал свесен за своите психички таленти кога бил дете, но првото вистинско искуство го доживеал кога имал 17 години.

И понатаму не може да објасни што точно се случило.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: