Месечината е во знакот на Овен: Замнки во кои НИКАКО не смеете да паднете оваа недела

Месечината е во знакот на Овен: Замнки во кои НИКАКО не смеете да паднете оваа недела

Хороскопот за оваа седмица го започнуваме со Месечина во знакот на Овен кој ќе внесе динамика во работната недела, а особено првиот ден. Обрнете внимание на своето трпение и имплусивност. Ќе реагирате на прва топка и нема да имате тактика во односите со другите луѓе. Многу комуникации ве очекуваат во понеделник, кои воедно се добар знак за постигнување договори и почеток на некои проекти.

Во вторник веќе се нагласени кавгите и потребата за докажување и доминација, што може да се види низ одредени манипулативни односи. Обрнете внимание да не паднете во такви замки, но исто така ни вие не го правете тоа на другите, бидејќи сето тоа ќе трае кратко. Искрите ќе се вратат овој ден, па совет е да се фокусирате на физичките вежби и физичката ангажираност кои ќе бидат модел за канализирање на бесот. Доколку сте некој кој работите ги става под тепих или ги потиснува, овој ден би можеле да експлодирате. 

Од среда енергијата се менува, бидејќи Месечината се сели во питомиот знак на Бик, што ќе доведе до помирна атмосфера, но и потреба да се зборува за финансиите, подвижниот имот, парите, храната и љубовта. Оној ден ве очекува неочекуваното и многумина ќе доживеат средба на старото со ново.

Четврток е ден во кој особено ќе се активираат партнерските односи. Ситуацијата може да го зголеми сомнежот во личноста со која сте во врска, да се преиспитувате, да се разоткриваат лаги, измами, но и идеализирација, како активација на односите на далечина и тајните врски. Овој ден најдобро е да се посветите на креативноста, уметноста, филмот, музиката, сликањето, уживањето во некои навистина убави работи.

Петок е навистина интересен и динамичен ден. Тој ден е младата Месечина која носи активација и движење на нови работи во вашиот живот и од тој ден започнете го сето она што го планирате. Ќе имате многу средби, емотивни, но и деловни, комуникација и допишување, движење на важни животни теми, како и конкретизација на истите. Први назнаките за остварување на вашите важни цели може да имате токму денес. Доколку немате, тогаш од овој ден започнете со сето она што ви е важно.Оваа млада Месечина е особено значајна за личностите во знакот на Близнаци.

Во сабота внимавајте на тенденциите за влегување во конфликти. Важно е да се дистанцирате од премногу приказни, особено доколку тоа ве интересира, како и дистанцата од сите оние личности за кои знаете дека се негативни и дека во вас предизивкуваат бес.

Во недела препуштете се на уживање, лесна комуникација, читање на книги или посета на некои онлајн курсеви.


Можеби ќе ве интересира: