Миа Крстевска: Македонската пливачка рекордерка

Миа Крстевска: Македонската пливачка рекордерка

Миа Крстевска е седумнаест годишна пливачка која е пред почеток на блескава пливачка кариера. Горда на своите рекорди и медали ни откри кои се нејзините најголеми достигнувања, од кого ја добива најголемата поддршка и кои се нејзините седни планови.

Со пливање започнала да се занимава на шест годишна возраст, а главен иницијатор за тоа била нејзината мајка која е поранешна пливачка и нејзина најголемата поддршка.

„Моите родители се моја најголема поддршка, потоа тренерот, а мотивација и поттик добивам од моите клупски и школски другари.“

Миа ни откри дека за најголем успех ги смета нејзините рекорди.

„Моите рекорди се мој најголем успех и достигнување и секако настапите на европските и балканските младински натпреварувања и Младинската олимпијада во Аргентина која се одржа на почеток на овој месец. Во наредниот период се подготвувам за неколку меѓународни натпревари кои ќе ми претставуваат добра база за наредните големи и значајни настапи.“

Таа ни откри дека во текот на неделата тренира по 8 до 10 пати и дека воопшто не и е тешко.

„Овој спорт, како и сите други, бара многу пожртвуваност и откажувања, но колку знае спортот да земе толку знае двојно и да врати. Исхраната има значајна улога во животот на еден спортист. Секое утро го започнувам со овошје, еден оброк е протеински, многу салати и вода.“ни откри таа. 

Миа веќе 6 години тренира пливање во пливачкиот и ватерполо Клуб Орион, нијзинот тренер Јане Карајованов ни ги откри нивните следни планови.

„Миа држи повеќе Национални рекорди во повеќе старосни категории во дисциплината 200м грбно. Врвот на секој спортист е настап на Олимпијада, така што наша главна цел е настап на Олимпијадата во Токио и веќе сме целосно сконцентрирани на тоа. Но сепак и не е така лесно да се стигне до таму, имаме неколку контролни точки кои до сега со успех сме ги поминувале.“, вели тренерот на Миа.


Можеби ќе ве интересира: