Мими Јовановска му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник: Две венчаници и специјален прв танц (ФОТО)
Прв танц како од романтичен мјузикал...
Пејачката Мими Јовановска, која се прослави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, вчера му го кажа своето судбоносно „да“ на својот избраник, музичарот Филип Нуневски.
Прославата по повод почетокот на заедничкиот живот беше организирана во еден ресторан во Скопје, каде присуствуваа многу нивни роднини, пријатели, соработници...
Невестата носеше две венчаници - една долга, а другата кратка и идеална за танцување на подиумот.
Она што ги освои сите присутни, беше првиот танц, кој изгледаше како од романтичен мјузикал. Имено, Мими за време на танцот пееше, додека Филип ја придружуваше на труба - инструментот на кој што свири.
Инаку, Мими и Филип, на многумина им ги развеселуваат свадбените веселби, бидејќи и двајцата се дел од бендот, кој Филип го оформи со неговиот брат, Раде. Па, така не се очекуваше ништо помалку и за нивната свадба - Мими во текот на вечерта се фати за микрофонот, Филип и Раде за нивните инструменти - труба и саксофон, а одлична забава направи и оркестарот на познатиот Џамбо Агушев.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук