Минимален „мејк ап“ и син кармин, а кога ќе го видите целиот аутфит на Антониа ќе се заљубите!
Младата пејачка Антониа Гиговска моментално е во Белград каде што има снимања за музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. И овој пат, пред снимањето таа најде простор за да се фотографира и на своите фанови да им го покаже новиот аутфит.
Она што првенствено го привлече нашето внимание е минималниот „мејк ап“ и синиот кармин, но не смееме а да не го пофалиме и нејзиниот аутфит. Маслинестите панталони, белата кошула и флурусцентната маичка, надополнети со кул патики, дефинитивно ќе ви послужат како испирација.