Мистеријата е откриена: Еве зошто Ајнштајн е со исплазен јазик на оваа фотографија!
Кога ќе го
напишете името на познатиот физичар Алберт Ајнштај на „гугал“ пребарувачот,
сигурни сме дека ќе ја здогледате фотографијата на која генијалецот е со
исплазен јазин. Доколку помисливте дека во прашање е некоја фото – монтажа која
дружи на интернет, сте се излажале. Фотографијата е навистина автентична. А,
еве и како настанала.
Далечната 1951 година, на 14 – ти март, пријателите и колеги на Алберт му приредиле забава за неговиот 72 - ри роденден. Таа вечер, во клубот Пристон, освен многубројните гости, пристигнале и голем број фотографи и медиуми. Видно уморен, физичарот сепак продолжил да позира пред фото – репортерите. На крајот на вечерта, еден пријател му понудил на Алберт да го однесе дома и кога физичарот влегувал во автомобилот, фотографот извикал „Може ли уште една фотографија?“.
Фотографот Арт Сас тврди дека во тој момент Алберт го исплазил јазикот и дека он го обележал тој момент со својот фото – апарат. И така настанала оваа легендарна фотографија, која му се допаднала и на големиот научник. Подоцна, Алберт од фотографот нарачал уште 10 такви фотографии, а некои од нив ги искористил за да испрати честитки.