Многумина мислат дека се девојчиња: Синовите на Меган Фокс носат и женска облека (ФОТО)
Познатата манекенка Меган Фокс откако е во врска со Машин Ган Кели не пропуштаат ниту еден настан на кој се појавуваат секогаш позаљубени и поексцентрични од секој претходен пат.
Така беше и на доделување на наградите „MTV VMA“, каде парот ги собра сите погледи.
Откако се заедно, Меган често споделува нивни заеднички фотки на својот профил на Инстаграм, иако пред него ретко откриваше детали од нејзиниот живот.
Таа девет години беше во среќен брак со актерот Брајан Остин Грин со кој има три сина: Ноа (8), Боди (7) и Џурни (5).
Послден пат таа објави фотографии од нив кога беа на семејното патување во Дизниленд, пред две години.
Инаку момчињата навистина наликуваат на својата мајка, која важи за една од најубавите жени во светот.
Дали поради нивната убавина или нивните долги коси, многу од фановите на Меган коментираат дека „Ќерките ѝ се прекрасни.“, мислејќи на синчињата. А таа често знае да ги облече во женска облека.
Неодамна таа беше видена во друштво на нејзините деца и момчето Машин.