Моника Црнокрак блеска во црвен кариран принт: Манекенката во неодолива зимска комбинација
Ќерката на најпознатиот манекенски пар во нашата земја Светле и Мики Црнокрак, од неодамна е водителката на забавна емисија што се емитува на Канал 5 Телевизија.
Моника Црнокрак очигледно убавината ја има наследено од нејзината мајка, па во комбинација со шармот и убавиот говор, одлично се снајде и во улога на водителка.
Моника е дел од модното студио Црнокрак, таа изминатата година ја освои титулата Мис Фотогеничност на Miss Europe 2023.
Нејзината последна објава на социјалните мрежи воодушеви со изгледот кој го одбрала. Црвено карирано во два дела. Кроп-топ палто со долги ракави и кратко мини здолниште.
Карираниот принт е повторно во мода, без разлика дали ќе се одлучите за комбинација како на Моника, или пак одберете панталони, здолниште, фустан, елек, капут или пак шал. Карираниот принт може многу лесно да се комбинира со зимски чизми, што е голема предност во овој период од годината.
Фото: Инстаграм