Му го дала расплаканото бебе на момче со Даунов синдром: Сведочела на вистинско чудо (ВИДЕО)
Мајка го дала своето расплакано бебе на 6-годишното момче Велс кое има Даунов синдром, а потоа сведочела на вистинско чудо.
Луѓето со Даунов синдром можат да го почувствуваат она што друго лице го чувствува подобро од другите луѓе.
Секој родител знае колку е тешко да се смири бебе кое плаче. Има моменти кога мислите дека ништо не може да помогне, што и да се обидете, вашето бебе нема да престане да плаче.
Оукли Петерсон се нашла во една таква ситуација додека го чувала бебето на својот сосед, Алек.
Што и да направи, изгледа не можеше да го смири и да го заспие. Цело време плачеше, а Оукли остана без идеи. Кога нејзиниот син Велс и пришол и ја прашал дали може да го држи бебето, таа помислила: „Зошто да не?“.
Велс има Даунов синдром и живее со семејството во Солт Лејк Сити. Тој има шест години и, како што вели неговата мајка, има необична способност да се поврзува со други луѓе, знае кога се чувствуваат лошо и секогаш се труди да им помогне.
Оукли еднаш сподели приказна за Велс како седи со својата тетка која минува низ многу тешко време:
„На секој семеен собир секогаш наоѓаше личност која има некакви проблеми или и е тешко. Мојата сестра беше бремена и знаеше дека бебето ќе умре набргу по раѓањето. Во најголем дел, Велс не може да седи мирен. Но потоа мирно седна до сестра ми и ја држеше. Тој знае како да седи со некој што страда и тагува.. луѓето со Даунов синдром можат да го почувствуваат кај другите она што друго лице потешко го чувствува“.
Можеби токму поради оваа посебна способност Велс побарал да го земе во раце бебето. Штом го земал бебето, тоа престанало да плаче.
За среќа, сите можеме сами да се увериме бидејќи Оукли снимила кратко видео и го сподели со цел свет. Стана толку популарно што некои го нарекоа Велс „шепот на бебиња“.
Навистина е убаво да се види бебето Алек во прегратките на Велс. Кога ќе му испадне цуцлата, Велс лесно му ја враќа во устата. Тој и Алек не се поврзани, но Велс овде се однесуваше како вистински голем брат.
Оукли има Фејсбук страница на која ги споделува сите авантури на Велс. Тоа е навистина прекрасен потсетник дека луѓето родени со Даунов синдром можат да бидат едни од најпрекрасните луѓе во светот.
ФОТО: Принтскрин