Музички времеплов: Десетминутно уживање со делото „Рапсодија за Скопје“ создадена од маестро Џамбазов
Вчера почина диригентот и композитор, маестро Александар Џамбазов.
Александар Џамбазов добитник е на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија. Неговиот творечки опус е многу богат. Целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
Уживајте со волшебната „Рапсодија за Скопје“: