Музички времеплов: Песната со која Даниела Мартиновиќ ја претставуваше Хрватска на Евровизија и денес е хит
Во 1998 година, пред повеќе од 20 години, Даниела Мартиновиќ ја претставуваше Хрватска на Евровизија со една емотивна балада. Со „Нека ми не сване“ таа година во Велика Британија, Даниела ги бранеше боите на својата држава.
Го освои петтото место со 132 поени и се забележа како еден од претставниците кои освоиле најголем пласман. Дека оваа песна е евергрин, говори и тоа што и денешните генерации ја знаат и ја слушаат, исто како и некогаш.
Инаку, оваа балада за Даниела ја има напишано нејзиното поранешно момче, Петар Грашо.