На 16 години бил избркан од училиште и живеел во приколка: 8 помалку познати факти за Џими Кери
Кери никогаш не престанал да верува во себе и да се труди, а награден е со светска популарност и титулата еден од најдобрите светски комичари...
Актерот Џим Кери е еден од најплатените комичари, а патот до Холивуд не му бил воопшто лесен. Ова можеби се работи кои не сте ги знаеле за него:
# Познатиот актер, имал многу тешко детство, живеел на работ на егзистенцијата, па заедно со семејството едно време бил приморан да живее во напуштена приколка.
# Целото семејство напорно работело на чистењето фабрики и фабрички машини за да преживеат.
# Џим како дете бил многу срамежлив и несигурен во себе, па сето тоа го заменувал со правење на смешни гримаси, што подоцна и го прославило.
# Пред да успее во Холивуд, настапувал во клубовите во Торонто како комичар, со тоа што ја подобрил финансиската состојба на семејство.
# На 16 години бил избркан од училиште, а на 18 години тргнал во Холивуд.
# На почетокот на 80 - тите го снимил својот прв целовечерен филм, каде што глуми неуспешен комичар, Тони Морони.
# 80 - тите не биле баш успешни години за Џим и тој западнал во тешка депресија, но не се откажувал и со доаѓањето на 90 - тите започнала да расте и неговата кариера, најпрво во филмот „Ace Ventura“, а подоцна и големите филмски улоги.
# Поранешната девојка на актерот Џим Кери извршила самоубиство во септември 2015 година. Таа се предозирала со различни лекови и така си го одземала животот, а нејзините родители го обвиниле актерот дека тој бил виновникот за тоа.
Исто така тврделе дека на нивната ќерка ѝ пренел неколку полово преносливи болести, а целиот случај секако завршил на суд. Џим од почетокот имал став дека не е виновен, ги демантирал сите тврдење, а сега тоа е докажано и судски. Судот донел одлука дека актерот не е виновен за ниту една од точките на тужбата, откако било утврдено дека доказот кој го приложил адвокатот на семејството Вајт, бил фалсификуван.
фото: Profimedia