На чекор до милион: Која е Македонката со најмногу следбеници на ТикТок?

На чекор до милион: Која е Македонката со најмногу следбеници на ТикТок?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Откако започна пандемијата на коронавирус, секојдневно сме сведоци на популарноста на социјалната мрежа ТикТок. Иако истата ја има подолго време, од месец март доживеа невиден подем, можеби и најголем во историјата на социјалните мрежи. 

Тинејџери, луѓе од средни години, па дури на оваа социјална мрежа може да најдете профили на луѓе во поодминати години - едноставно е, сите се „заразија“ со ТикТок. Во нашата држава највлијателен млад ТикТокер слободно можеме да кажеме дека е  Александар Динев, момчето од Валандово, кое го следат скоро 150 илјади луѓе.

Но, кога е оваа социјална мрежа во прашање и бројот на следбеници, има една Македонка која се издвојува од другите. Станува збор за пејачката Оливера Ѓоргоска. Таа пред десетина година беше навистина популарна во нашата држава, а јавноста подобро ја запозна преку музичкото натпреварување „Моја ѕвезда“. 


Набрзо откако се проби на естрадата, Оливера замина во Америка, каде што реши за музички да се доусоврши, но очигледно дека животот таму ѝ се допадна, па таа веќе 10 години живее и работи таму. 

Освен што работи како професор во Музичката академија во Лас Вегас, таа е активна на социјалните мрежи. Имено, Оливера на својот ТикТок профил има повеќе од 790 илјади следбеници, а како што стојат работите, оваа Македонка наскоро ќе се пофали и со милион.

Дека нејзините видеа се интересни говори и бројот на прегледи кои го имаат истите. Доколку досега го немате погледато нејзиниот профил, во продолжение може да погледнете неколку видеа, кои можеби ќе ве инспирираат за вашето следно ТикТок видео.



Р.Х.

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: