На само 10 години го освои Балканот: Како изгледа денес Лена Стаменковиќ, девојчето со магичен глас? (ФОТО)

На само 10 години го освои Балканот: Како изгледа денес Лена Стаменковиќ, девојчето со магичен глас? (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Како девојче го освои Балканот својот преубав глас, а денес изгледа непрепознатливо...

Убавата Лена Стаменковиќ како дете застана на големата сцена на големото музичко натпреварување за деца „Ѕвездичките на Пинк“ и со својот глас, но и настап и храброст ги освои сите.

Таа 2014 година го оствари својот голем сон, да испее песна пред милионска публика и покрај тоа што стигна до големото финале во натпреварувањето, по него немавме можност да гледаме многу во јавноста.

Изгледа дека Лена ги чекаше своите 5 минути и дека работела на себе и својот глас и сега, кога наполни 18 години може да почне да го остварува својот сон.

Таа гостуваше во емисијата „Пусти бригу“ кај Сузана Петричевиќ и тогаш имавме можност да видиме колку се променила, но и колку напредувала во музичка смисла.

Инаку, кога во 2014 година за првпат се појави на сцената на популарното музичко натпреварување, Лена предизвика воодушевување во целото студио, по што стигна до самото финале.


По натпреварувањето оствари уште еден свој голем сон, се испроба во глумата, па така беше дел од една театарска претстава, но и ја претставуваше Србија на Јуниорската евровизија.

Денес, слободно може да се каже деак Лена порасна во вистинска убавица, а русата коса ја замени со портокалова нијанса и сите се сложуваат дека ѝ стои одлично.

Дали Лена ќе ја продолжи музичката кариера и дали ќе имаме можност повторно да ја слушаме и гледаме на малите екрани останува да видиме.

фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: