На само 12 години почнала да ѝ расте брада: Сега престана да се бричи и ги остави сите без зборови
Корал Санчез од Сиетл, поради низа хормонални
пореметувања, еден ден забележала дека и расте брадата
Жената долги години ја бричела брадата која и се појавила на долниот дел од лицето. Неодамна се ослободила од стереотипот за жена и редовно бричење, ја пуштила брада и вели дека е навистина среќна.
Сега е 29 години.
Ретко се случува девојките да имаат ваква брада. Во нејзиниот случај, тоа е синдром на полицистични јајници. Приказната на Корал Санчез стана вирална откако 29-годишната девојка почна да споделува фотографии од себе на социјалните мрежи. Таа се пофали со својата бујна брада.
Сега 29-годишната девојка се чувствува прекрасно со својот природен имиџ. Не ја скратила брадата скоро 3 години.
@dakotasbeard Answer to @ashaabdi72 good question. Yes. #beardedlady #drinking #millennial #drinking #beer #dakotasbeard #fypage original sound - Dakotasbeard
- Мислам дека почнав да се бричам затоа што се чувствував принудена да го правам тоа. Се чувствував лошо бидејќи другите деца ги коментираа моите дебели бакенбари - изјави Корал Санчез.
Жената со брада почнала да се сака себеси таква каква што е
@dakotasbeard Thank tou all for your amazing support! #beardedlady #dakotasbeard #unilad #metrouk #thedailymail #thesun #ukpress #worldfamousbeardedlady #fypage #foryoupage #nonbinary #nonbinarytiktok #nonbinarypride original sound - Dakotasbeard
Од 12 до 26 години, Корал ја бричела брадата секое утро, веднаш по станувањето. Брадата и растела толку бргу што дури морала да се бричи два пати на ден. Таа исто така ставала неколку слоеви шминка за да ги скрие сите знаци на влакна на лицето.
- Ми требаше долго време да ја прифатам брадата. Сега се гледам во огледало, се насмевнувам и се чувствувам навистина убаво – вели таа.
Фото и Видео: ТикТок