Најчестите грешки кои ги правиме за време на средувањето на ноктите

Најчестите грешки кои ги правиме за време на средувањето на ноктите

Објавена во: Мода // Moj стил

Сигурно ви се случило да поминете барем половина час уредувајќи ги ноктите и целиот труд да го уништите со еден мал потег. Би можеле таа работа да ја препуштите во рацете на професионалците, но тоа е луксуз кој не секој може да си го дозволи. Ќе ви биде полесно кога ќе дознаете дека помеѓу вас и добриот маникир во вашиот дом стојат неколку грешки кои лесно може да ги избегнете.

# Сечете ја кожичката

Сечењето ги котикулите, тенките и деликатни кожички околу ноктите е голема грешка. Прво, нема да даде резултати. Колку повеќе ги сечете, толку повеќе ќе се обновуваат. Уште поважно е тоа што таа кожичка го штити коренот на ноктот и поткожното ткиво од бактерии и други штетни работи, па со сечењето ја уништувате таа важна бариера. Наместо сечење, негувајте ги така што ќе нанесете неколку капки масло за нега и ќе ги потисните со алатка за кутикули. Тоа е чувствителна кожа и тешко е да се одржи хидрирана, особено за време на зимата. Доколку не е доволно хидрирана, може да дојде до пукање, што умее да биде многу болно. Секогаш при рака имајте шишече со масло за нега на кутикулите и намачкајте ги секогаш кога ќе почувствувате дека е сува. Ќе послужи и кокосово или маслиново масло.

# Не ги стругајте во една насока

Врвот на ноктите е најстар и најкревок дел од ноктите, а доколку со турпијата одите напред - назад, можете да го олесните стругањето, па дури и да се осигурате дека нема да ви пукаат. 

# Претерувате со полирање

Полирањето на ноктите е важен чекор во маникирот, бидејќи така ги израмнувате настанатите нерамнини на ноктите. Меѓутоа, доколку претерате ноктот ќе го направите кршлив. За најдобар ефект користете четиристрана турпија за полирање на нокти. Прво површината на ноктот лесно исполирајте ја со нагрубата страна, а потоа продолжете со останатите три страни, додека ноктот не стане убав и сјаен. Потоа на ноктот нанесете средство за зајакнување.

# Го прескокнувате основниот лак

Сте забележале ли колку поубаво изгледа карминот на усните кога ќе го нанесете по балзам? Истото е и со основниот лак. Кога ќе ставите основен лак ќе добиете убава, лесна површина. Освен тоа, лакот ќе ви трае подолго. Нанесете многу тенок слој на основен лак на свежо исполираните нокти, а веднаш потоа нанесете и лак (основниот лак се суши многу брзо и не мора долго да чекате). Доколку обработувате само еден нокт, нанесете основен лак и почекајте 60 секунди пред нанесување на лакот.

# Не ги мокрите ноктите пред уредувањето

Садот со пенлива вода кај козметичарките има своја функција - така полесно ќе ги уредите ноктите и кожичките. Доколку ги уредувате потполно суви нокти, предизвикува пукање,  а кај кожичките кутикулите. Потопете ги ноктите во топла вода од 5 до 10 минути пред маникирот. Додајте неколку капки етерично масло од лаванда за релаксација или арганово масло за хранливи материи и хидратација.

# Премногу лесна четка

Тенките слоеви лак се важни за долготраен маникир. Доколку лакот го нанесете подебело побрзо ќе се излупи. Кога ја натопувате четкичката, држете го лакот само на едната страна од четката (извадете го вишокот лак од едната страна од шишето). Првиот слој треба да биде екстра тенок, почекајте 60 секунди, а потоа преминете на нанесување на вториот слој.

# Почнувате да ги лакирате ноктите откако ќе ставите крема на рацете

Нанесувањето на крема на крајот на процесот на уредување на ноктите, а пред нанесувањето на лакот, клучно е за здрави и убави раце. За жал, кремата остава масни бариери кои го отежнуваат нанесувањето на лакот. Откако ги намачкавте рацете, на памукче ставете малку ацетон и со него пребришете ги ноктите пред нанесувањето на основниот лак или средството за јакнење на ноктите.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: