Најголемите модни грешки на Мет Гала: Кога сакаш да изгледаш најдобро, а излегува најлошо (ФОТО)
Се присетуваме на сите оние прекрасни ѕвезди во не толку одлични комбинации...
Старото правило гласи дека за вкусовите не треба да се дискутира, бидејќи нешто што ви се допаѓа на вас, за некој друг може да е катастрофа.
Веруваме дека сите комбинации од листата им се допаднале на ѕвездите кои ги носеа на Мет Гала. Впрочем, тоа е најпрестижниот настан во годината и нормално е дека како ѕвезда ќе направиш сѐ за да ја импресионираш јавноста. Но, проблемот со овие комбинации е тоа што буквално на никој не му се допаднаа - ниту на модните критичари, ниту на пошироката маса на социјалните мрежи.
Кои ѕвезди во последните години имаа модни грешки на црвениот килим во њујоршкиот „Метрополитен“?
# Ким Кардашијан
Во 2013 година Ким првпат доби можност да присуствува на овој престижен настан. Таа во тоа време веќе беше во поодмината бременост, а се одлучи за тесен цветен фустан, со кој сакаше да ги истакне трудничките облини. Поради нејзината одлука, таа стана предмет на потсмев на целиот Интернет. Ја споредуваа со кауч, дури и со ликот на Робин Вилијамс во филмот „Mrs. Doubtfire“.
@ginoboi @DelamarArias @chicogarcia kim kardashian vs couch. Who wore it better? pic.twitter.com/ENXDx7eZsj
— Eden Cheese (@cheese_mis) May 13, 2013
# Кајли Џенер
Нејзиниот апсолутен неуспех на Мет Гала се случи минатата година, кога се појави во она што би можеле да го наречеме комбинација на венчаница и маица, со бејзбол капа и превез на лицето. На луѓето не им се допадна оваа комбинација, а некои отидоа дури дотаму што фустанот го нарекоа „најголемиот срам на Кајли Џенер на црвениот тепих досега“. На Интернет сите ја задеваа дека Мет Гала сепак не е нејзина венчавка.
Kylie Jenner is giving bride vibes on the 2022 #MetGala red carpet pic.twitter.com/CZXNkSloyu
— Us Weekly (@usweekly) May 3, 2022
who wore it better? #MetGala pic.twitter.com/atcyuZQXky
— zomato (@zomato) May 3, 2022
# Зендаја
Тоа беше во 2015 година кога омилената актерка беше многу млада (едвај полнолетна), па немаше развиен стил како денес. Модните критичари не беа задоволни од нејзиното мини здолниште со долга опашка одзади.
# Кара Делевињ
Минатата година манекенката се појави на црвениот килим во едноставен црвен костим, за неколку минути подоцна да го соблече сакото и да открие дека под него не носи ништо освен налепници за брадавиците. Нејзиниот гол горен дел од телото не им одговараше на модните критичари, а поради овој избор „Вог“ ја прогласи за ѕвезда која презема „најголеми модни ризици на црвениот килим на Мет Гала“.
# Емили Ратајковски
Модните критичари рекоа дека во оваа облека имаше премногу од сѐ: од бои, украси, па сѐ до материјали. На социјалните мрежи се појавија коментари дека фустанот на неа изгледа како да отишла на карневал во Рио де Жанеиро, а не на Мет Гала.
# Мејси Вилијамс
25-годишната актерка, која најмногу ја паметиме по улогата на Арија Старк во серијата „Игра на тронови“, погреши со црно-бела облека и драматична шминка и ретро фризура. Самиот фустан е прекрасен, но оваа комбинација на бои не ѝ одговара на нејзиниот исклучително светол тен.
Maisie Williams #MetGala2022 pic.twitter.com/Yik3zLGnqz
— Met Gala 2023 (@2015smetgala) May 3, 2022
# Ријана
Пејачката се појави на црвениот килим во 2021 година во црна боја од глава до петици. Оваа предимензионална јакна со качулка и јака сосема ја изеде. На модните критичари им беше уште посмешно кога до неа се појави нејзиното момче A$AP Rocky, кое изгледаше како да се завиткал со ќебе. Тој во шарени, таа во црно - еден до друг делуваа апсолутно модно неусогласени.
Rihanna and ASAP Rocky at the 2021 Met Gala.
— Pigeons & Planes (@PigsAndPlans) September 14, 2021
Photos by John Shearer pic.twitter.com/iMXeqvdYIS
# Пријанка Чопра
Едноставно, во 2019 година, кога се појави на црвениот килим во ова издание, со оваа фризура и шминка, луѓето тешко ја препознаа познатата актерка со индиско потекло. Дефинитивно избор на фустан и материјал кој не му одговара на линиите на нејзиното тело, но ни нејзиниот шминкер и фризер навистина не се прославија.
# Бела Хадид
Во 2018 година, зададената тема на Мет Гала беше „Модата и католичката имагинација“, а никому не му беше јасно што сакаше да прикаже Бела во кожениот латекс корсет. Луѓето се шегуваа дека таа повеќе личи на кралица на темнината или на Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“.
# Селена Гомез
Таа не се истакна ниту на Мет Гала пред 5 години. Со оглед на тоа што темата беше „Модата и католичката имагинација“, а Селена е голем верник, очигледно е дека не сакаше да провоцира со дизајнот на фустанот, како и многу други познати личности таа година. Иако фустанот не е грд, луѓето го нарекоа недоволно достоен за црвениот килим, а многумина ги потсети на фустан за на плажа или ноќница.