Најконтроверзната балканска двојка: 17-годишна ТикТокерка е во врска со многу постар познат рапер (ФОТО)
Не стивнуваат бурните реакции за нивната врска...
Откако Теодора објави со кој е во врска, и таа и момчето се мета на критики. Го чекаше 17-от роденден за да објави дека се заедно, а сите се загржини поради разликата во годините.
Колкава разлика во години помеѓу девојките и момчињата е во ред, која е преголема, толку што нема смисла и се смета за проблематична? Би кажале дека сѐ зависи од годините. Кога имаш 16 години, голема разлика ќе биде ако си во врска со некој кој е 5 или повеќе години постар од тебе, но кога имаш 22 години, таа разлика нема да биде проблематична за никој и тогаш е нормална. Во овој случај многумина мислат дека разликата во години е преголема и го наполнија профилот на Реља со пораки дека е педофил. 17-годишната ТикТокерка Теодора Поповска на својот 17-ти родеден објави дкеа во врска со Реља Торино, кој оваа година ќе наполни 26 години.
Девет години е поприлично голема разлика, а многумина се сложуваат дека тоа е посебно многу на оваа возраст. Иако двојката е среќна и за својата врска зборува јавно и отворено, многумина се згрозени. Сигурно се мета на критики повеќе од било која друга двојка на Балканот. Колку и да се фалат со својата врска, поголемиот број од луѓето не го гледаат тоа како нешто со кое што би требало да се фалат. Сите се шегуваат со нив и им пишуваат коментари кои се прилично грозни. Додека многу луѓе, Реља отворено го нарекуваат педофил, други се шегуваат и се исмејуваат со коментарите како „Кога ќе одиш да ја земеш од градинка?“.
Бидејќи Теодора уште нема 18 години и не е полнолетна, истакнуваат дека ова е педофилија? Што мислиш ти? Дали нивната разлика во години е во ред?
Тие имаат и заедничка песна која стана хит! Дали нивната врска ќе се покаже дека е вистинска и покрај сѐ ќе останат заедно или притисокот од сите страни ќе стане преголем, останува да видиме.