Најлошите модни трендови за 2020: Сигурно нема да сакате да ги видите и во новата година
Кои се трендовите што сакаме да не се повторуваат во 2021 година и да застарат?
2020 година дефинитивно ќе остане запаметена по многу нешта, а една од нив секако се позитивните и негативните трендови што ја прошетаа таа година. Настрана оние позитивни трендови како „mom“ фармерки или трапез панталоните кои сме среќни што се повторно ИН, има и такви што би сакале да ги оставиме што е можно побрзо и да не продолжат да се носат во оваа нова, претстојна година.
Постојат различни трендови кои штотуку се појавија, но и оние кои постојано се враќаат од почетокот на овој, но и минатиот век. За некои од нив, ние сме среќни што се вратија, но другите не се баш убави за да станат тренд. Без оглед на тоа, само затоа што нешто во моментов е тренд не значи дека е убаво и мора да се носи. Секој сам определува што му се допаѓа и што сака да облече, па изборот останува на вас! Направивме список со најлошите трендови во 2020 година, кои навистина не сакаме да ги задржиме во 2021 година. Најчеста причина за овие трендови е непрактичноста, а самите можете да се уверите откако ќе ја видите нашата листа во продолжение!
# „Валкани“ патики
# Минијатурни чанти
# Корсети
# Долги тексас здолништа
# Низок струк
# Коњско опавче и два прамени кои паѓаат
# Fox eye