НАЈНОВ ТРЕНД: Обратно носење на ранчињата!
Носењето на ранец од предната страна не делува баш практично, но сигурно е дека ексцентричните дами кои сакаат да експериментираат би посакале да го испробаат овој моден тренд!
Бидејќи многумина сметаат дека во модата е веќе се измислено и дека се врти во круг, дизајнерите на големи маки донесоа нешто досега невидено. Ранецот секако не влегува во таа категорија, бидејќи сме го виделе во сите големини, бои, дезени и различни материјали од кои е направен.
Но, доколку наместо на грб го ставиме напред, како што тоа го предложи некои дизајнери за оваа сезона, тогаш тоа е чекор напред во креативноста. Другата е приказната дали трендот на носење ранец или торба на гради ќе биде прифатен.
Не делува дека е практичен, но сигурно е дека ексцентричните дами ќе сакаат да го пробаат овој моден тренд. Освен тоа, нема ништо полесно отколку новиот ранец да го вратите на место, односно на грб, па така тој оваа пролет нема да биде пропадната инвестиција.