Навистина нереално: Оваа манекенка изгледа како кукла!!

Навистина нереално: Оваа манекенка изгледа како кукла!!

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако денес ја нарекуваат една од најубавите жени на светот, не била отсекогаш прифатена...

Duckie Thot е австралиски модел, а често ја нарекуваат„Barbie“ кукла, што не не чуди, со оглед на тоа што е навистина нереално убави и изгледа како вистинска кукла, пишува BrightSide.

Денес има милиони обожаватели, нејзините фотографии имаат илјадници лајкови, а најпознатите брендови се натпреваруваат за таа да се појави во нивните рекламни кампањи. Но, не било вака отсекогаш. Тешко е да се поверува, но во минатото била малтретирана и дури поради тоа морала да земе пауза од кариерата за да си ги собере мислите и да се смири...

Родена е во Јужен Судан. Сонувала дека ќе стане модел уште кога била дете. Првиот чекор кој го направила кон своите цели било учеството во популарниот проект, Australian Next Top Model, каде што била посебна, но не го гледале сите тоа така.

Кога зазела учество во емисијата имала само 17 години. Но, тогаш многу ја критикувале. Стилистите и експертите и велеле дека е неприродна и дека никој не верува дека нејзиниот изглед е само дар од природата, туку сите се сомневале дека била на разни операции или дека се фотошопира.

Нејзините колеги во модната индустрија исто така зборувале лоши работи за неа. Ја нарекувале со многу навредливи имиња. Подоцна дала детално интервју за „Teen Vogue“. Кажала дека кога била 17 годишна девојка била повредувана многу пати, а знаела дека не заслужувала ништо лошо поради тоа што се случува. И требале две години за да собере енергија и самодоверба и да се врати во модниот свет.

Денес е еден од најбараните австралиски модели и една од најубавите жени на светот. И таа е совршен доказ дека добрата душа секогаш победува.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: