Не е невозможно: Нов тренд на врзување коњско опавче без ластик за коса
Кога при рака немаш ластик за коса, ниту било што слично, а косата ти пречи, еве како можеш да си направиш коњско опавче...
Милион луѓе веќе го погледнаа ова видео, но доколку ти не си една од нив, овој тренд во некој момент би можел да ти биде многу корисен. Еднакво успева и на кратка, но и на долга коса!
На сите ни се случило некогаш да си смета косата и да сакаме да ја собереме, но за жал никој околу нас нема да ни позајми ластиче. Па, така една корисничка на ТикТок одлучила да го сними и сподели со сите девојки својот начин на врзување на косата без ластик или било што друго. Едноставно не ти е потребно ништо друго, освен сопствената коса. Можеби ова не звучи како добра идеа, бидејќи сосема е сигурно дека е невозможно коњското опавче да стои. Или пак можеби не е невозможно? Кимберли Грајмс има систем за врзување на косата со кој опавчето ќе ти биде постојано. Видеото од целата постапка го сподели на ТикТок, а досега истото го имаат погледнато повеќе од милион луѓе!
@kimberlygrimes83 The coolest trick!! ##hairtips ##tricks ##momsover30 ##momsoftiktok
ily (i love you baby) - Surf Mesa
Можеби нема да изгледа како да е исчешлана косата или фенси, но во очајните моменти кога само сакаш да ја собереш косата, ќе бидеш сосема задоволна до резултатот. Целиот процес е малку комплициран и ќе мора да го погледнете видеото неколку пати, за да сфатиш што таа прави, но кога ќе влезеш во штосот ќе имаш вакво опавче без проблем. Откако ова видео стана вирално, луѓето останаа збунети, бидејќи тешко сфаќале што таа прави, па затоа се појави и уште видео во кое таа ги објаснува чекорите, за да може полесно да се сфати.
@kimberlygrimes83 no hairband no problem tutorial ##hairtutorial ##hairtips ##hairtricks ##momsover30 ##momsoftiktok
Roses - Imanbek Remix - SAINt JHN
Летото е на самиот праг, сети на ова кога ќе го заборавиш ластикот за коса, а ќе ти биде претопло.