„Не е нормално тоа што го правиш со своето дете“: Дејвид Бекам повторно ја разбесни јавноста со видеото на кое ја бакнува ќерката во уста
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам наиде на низа критики, бидејќи објави видео од прославата за дочекот на Новата година, на кое ја бакнува ќерката во уста.
Дејвид Бекам дефинитивно не се грижи за осудата која ја добива од јавноста или ни сам не насетува дека видеото од прославата за дочекот на Новата година ќе предизвика бурни реакции.
Имено, поранешниот фудбалер 1 јануари го дочека во кругот на своето семејство, а видеото со ќерката Харпер наиде на осуда кај јавноста.
Бекам прегрнат со својата ќерка влезе во 2022 година, но на многумина не им се допадна „неговата слобода“ и начинот на кој ѝ ги честиташе празниците на својата наследничка.
Бекам, својата 20-годишна ќерка ја бакнал во уста, а потоа следуваа низа коментари кои имаат една заедничка реченица: „Ова не е прикладно“.
Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека Бекам претерал и дека не би требало така да постапува со својата ќерка. Иако е познато дека своите деца ги бакнува во уста од раѓање, оваа постапка не им се допаѓа на неговите многубројни обожаватели.
„Да ја бакнуваш ќерката во уста ги руши сите граници кои мораат да постојат помеѓу родителот и детето“, „Останав шокирана кога го видов ова“, „Ова не е нормално“, „Вака не се постапува со детето“ - гласеа само некои од коментарите упатени до Бекам.
Да потсетиме, Бекам веќе беше на мета на критики поради истата постапка со Харпер. Тоа се случи на четвртфиналето на Светското првенство во фудбал на жени, во 2019 година, кога бакнежот во уста помеѓу таткото и ќерката се случи на трибините, во текот на навивањето.