Не мора да биде скапо за да биде убавo: Може да најдете чанта како онаа на Анастасија за само 1500 денари
Чантата на Анастасија Гудељ може да си ја дозволи секоја жена по попристапна цена
Анастасија Гудељ е позната по својот добар моден стил. Сопругата на Гудељ често се наоѓа на листите за најдобро облечени јавни личности, а во корист и оди тоа што може да си дозволи какви и да посака парчиња.
Пејачката деновиве престојува со својот избраник во Марбела, каде редовно дефилира по плажите во шик фустани, а овој пат ни падна во око со својата чанта.
Ќерката на Цеца покажа како изгледа нејзиниот аутфит на плажа, па меѓу другото големо внимание привлече нејзината плетена чанта.
Прекрасната плетена чанта е доволно голема за сите потреби на една жена на море, а истовремено е и одличен додаток.
Обликот и моделот на оваа чанта со црни рачки ја направија една од попосакуваните модни парчиња на плажа, па иако Анастасија носи брендиран модел, има и поевтина верзија.
Имено, сличен модел може да се најде и во локални продавници по цена од 1500 денари. Ваквата чанта одлично се вклопува со најразличните модели на костими за капење, како и облека за плажа, па можете да ја комбинирате колку што сакате.
Извор: gloria.rs