НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: За едни мирен период, за други проблеми на секој чекор
Овен
Иако се трудите да бидете концентрирани на своите обврски, тоа нема да ви оди од рака. Пред вас е фаза во која се можни нови љубовни познаници преку пријателите или во некое блиско окружување.
Бик
На училиште конечно нема да бидете преоптеретени и генерално ќе ве очекува помирен период. На полето на љубовта можете да очекувате нов познаник кој ќе ве збуни некако.
Близнаци
Можете да се најдете во значајно подобрување на финансиите оваа недела. На полето на љубовта ве очекува многу добра фаза доколку сте слободни, ќе имате бурни промени и авантури.
Рак
Ве очекува поволна фаза на училиште, но треба да внимавате на преголемите очекувања. Кога е во прашање љубовта ќе имате можност да бирате помеѓу повеќе кандидати.
Лав
Ве очекува можност за дополнителен успех или пофалба од важен човек во вашиот живот. На полето на љубовта барате сигурност пред личноста која ви се допаѓа и емотивно и материјално.
Девица
Оваа недела не е баш најдобра за вас, па ви препорачуваме да се скриете и да не влегувате во конфликти. На полето на љубовта ќе имате некое мало разочарување и не се чувствувате баш најдобро.
Вага
Доколку имате некое хоби на кое гледате како идна професија, внимавајте може нешто да не биде онака како што сакате. На полето на љубовта имате конфликти со саканата личност и тоа секако не ви годи.
Шкорпија
Внимвајте доколку сте планирале некое патување, бидејќи немате добри аспекти на тој план. Кога е во прашање љубовта постои личност која ви се допаѓа, но најверојатно е зафатена.
Стрелец
Пред вас е период во кој нема да бидете задоволни со околностите на училиште, бидејќи нема да ви одат во прилог. На полето на љубов ве очекуваат несогласувања со саканата личност.
Јарец
Внимавајте доколку имате некои планови за патување, можно е некои работи да ви се одложат. Доколку сте во врска на некој начин ви недостасува вашата слобода.
Водолија
Можност е да имате сомнежи во некој соученик на училиште. Слушајте ја својата интуиција. Емотивно немате промени.
Риби
Пред вас е период во кој без оглед на ветената помош, поголемиот број работи ќе мора сами да ги завршите. Емотивно сте добар пар со Шкорпија, па со неа имате шанси да започнете љубовен однос.