Нејзините деца не го наследија нејзиното ново лице и сега стариот лик ја прогонува: Кајли Џенер откри што помислува кога ќе ги види синот и ќерката

Нејзините деца не го наследија нејзиното ново лице и сега стариот лик ја прогонува: Кајли Џенер откри што помислува кога ќе ги види синот и ќерката

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер одговори на прашање што помислува кога ќе ги погледне своите деца и кога на нив ќе го види своето старо лице...

Сестрите Кардашијан - Џенер се апсолутни рекордерки по бројот на операции, а иако тие го негираат тоа, луѓето и понатаму добро гледаат. Во прилог на тој факт одат и нивните фотографии од минатото. Но, кај нив владее мотото „повеќе верувајте ни на нас, отколку на своите очи“.

Тоа беше јасно и неодамна во последното интервју на Кајли Џенер кога кажа дека „луѓето мислат дека го оперирала целото лице, иако ништо не корегирала“. Меѓутоа, доволно е да се споредат фотографиите и порано и овие од сега, секако за да се види јасната разлика.

Интересно е и дека едно од прашањата гласи што помислува кога ќе ги види своите деца кои ги наследиле нејзините црти од лицето, а Кајли потоа призна дека токму тие го промениле нејзиниот став за убавината.

Кајли своевремено призна дека била несигурна околу своите усни, и дека така ја развила опседнатоста со шминката.

„Имав многу мали усни и не размислував за тоа сѐ додека едно момче не ми кажа: „О мој Боже, колку добро се бакнуваш, а имаш толку мали усни“... Од тој момент почнав да се чувствувам непосакувана“ - призна во една прилика и откри дека тогаш почнала да ги прецртува рабовите на усните, а подоцна се препуштила во рацете на естетските хирурзи.

Сега, вели, повторно ја гледа убавината во своите природни црти на лицето кои ги воочува на своите деца.

„Сега ги гледам своите црти на лицето на ќерка ми и син ми... Мојата ќерка изгледа како мене. Ја гледам својата убавина во неа и тоа ме натера да се сакам себе повеќе. Убавината за мене се промени“ - кажа таа.

Вели дека на ќерка ѝ секогаш ѝ порачува да биде самоуверена.

„Таа е совршена токму таква каква што е. Биди своја, биди самоуверена“ - заклучи.

Секако, нејзината приказна не им се допадна на сите. Додека има и такви кои го поздравија тоа што сфатила дека убавината не зависи од филери и интервенции, има и такви кои сметаат дека сепак не ја научила лекцијата, и дека јасно е дека ќе продолжи со операциите и во иднина.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: