Нема да ги препознаете: Неверојатна трансформација на Ким и нејзината ќерка Норт

Нема да ги препознаете: Неверојатна трансформација на Ким и нејзината ќерка Норт

Објавена во: Moj стил, Семејство

Ким Кардашијан и нејзиното настаро дете, ќерката Норт Вест на својот заеднички ТикТок профил претставија една голема трансформација. Видеото кое ја претставува трансформацијата од назад кон напред, мајката и ќерката најпрво ги покажува со чисти лица, а потоа како оди понатаму, може да видиме да тие две чистат огромна количина на шминка од лицето.

@kimandnorth

Spongebob - Dante9k

Откако го активираа нивниот профил кон крајот на ноември, обожавателите имаат единствен поглед кон семејниот живот на Ким, особено низ очите на нејзината осумгодишна ќерка. Девојката на обожавателите им покажа видеа од своите домашни миленици, потоа како таа и нејзината помлада сестра Чикаго си играат со кулки, како нејзината роднина Пенелопе Дајсик ја изведува песната „California Gurls“ од Кети Пери... 

Во една прилика, Ким западна во проблеми поради својата ќерка, кога излезе во живо на нивниот заеднички ТикТок профил. „Не, застани, не ти е дозволено“ - ѝ кажа Ким на Норт откако дозна дека е во пренос во живо. Таа подоцна искрено проговори за тоа, велејќи: „Во моето домаќинство постојат правила. Се чувствуваше многу лошо поради тоа, ми се извини и ми кажа: Видов на ТикТок дека западнав во неволја, навистина ми е жал.“


Објавена во: Moj стил, Семејство

Можеби ќе ве интересира: