Неверојатен успех: Чарли Ди Амелио стана првата личност со 100 милиони следбеници на ТикТок

Неверојатен успех: Чарли Ди Амелио стана првата личност со 100 милиони следбеници на ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Таа вчера официјално стана првата личност на социјалната мрежа ТикТок која ја следат 100 милиони луѓе...

Само неколку дена откако во емисијата се покажали дека не може да дочека да добие 100 милиони следбеници на ТикТок, Чарли Ди Амелио успеа во тоа...

Таа вчера официјално стана првата личност на социјалната мрежа ТикТок која има 100 милиони следбеници.

Нејзиното влијание таму е огромно, многу поголемо отколку што е случајот со глобално популарните ѕвезди: ја следат дупло повеќе луѓе од Вил Смит, три пати повеќе од Рок, четири пати повеќе од Селена Гомез и пет пати повеќе од Кајли Џенер и Ариана Гранде.

Она што е посебно интересно е фактот што ова и успеа за малку повеќе од една ипол година: таа профилот го отвори во мај 2019 година. За споредба, на јутјуберите им требаат 14 години за да дојдат во оваа магична цифра.

Поради сето ова, не може да не изненади тоа што Чарли реши своето влијание да го прошири и на другите канали. Неодамна започна семеен канал, подкаст, а исто така потпиша и договор за книга.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: